еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Дури 40 препораки за Судскиот совет од ЕУ

Судскиот совет, кој е во фокусот на јавноста поради бројните критики за работата и контроверзните одлуки и од домашните и од меѓународните експерти од Оценската мисија на Европската Унија доби дури 40 препораки кои треба да ги имплементира во своето работење.

Препораките се однесуваат на структурата и на компетентноста на Советот, на мандатот на членовите, на процената за селекција и именување, дисциплинските постапки, транспарентноста во комуникациите со јавноста, финансирање на Советот…

Како што информираше евроамбасадорот Дејвид Гир, 17 од нив може да ги исполни самиот Судски совет, додека за останатите ќе бидат потребни законски и уставни измени. Од овие 17 препораки, 10 се однесуваат на унапредувањето на судиите, а седум се однесуваат на транспарентноста.

Препораките се однесуваат и на тоа кој треба да биде член на Судскиот совет, колку долго треба да биде учеството, на ризикот од долготрајно учество, на мерит-системот, етичкиот кодекс, на процените за дисциплинска постапка против судиите, на буџетската автономија, комуницирањето со јавноста…

Експертскиот тим на ЕУ, кој дојде во Македонија во септември, го предводеше судијата во Врховниот суд на Хрватска, Бранко Хрватин.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои седум кандидати за претседател на Македонија се сигурни

Редакција

Вчера изгаснати 32 пожари, три сѐ уште активни

Редакција

Кривични пријави за загадувањето на Дебарско Езеро

Редакција