еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои седум кандидати за претседател на Македонија се сигурни

Досега седум кандидати за претседател на Македонија обезбедија учество на престојните претседателски избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24. април.

Меѓу нив се и две жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Станува збор за професорката Гордана Силјановска Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а таа ќе собира и 10 илјади потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Втората е Билјана Ванковска, кандидат на опозициската Левица, која собра 10 илјади потписи, потребни за претседателска кандидатура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски по вторпат ќе се обиде да биде претседател на македонија, а зад него застана владејачката СДСМ, а и тој ќе собира потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Министерот за надворешни работи и потпретсадтел на владејачката ДУИ, Бујар Османи е кандидат на партијата, а тој веќе ги собра потписите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е кандидат на ЗНАМ – За Наша Македонија, а и тој ги собра потписите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари е кандидат на коалицијата “Вреди“, која ја сочинуваат неговото „крило“ во Алијанса за Албанците, Беса, Демократски сојуз, Алтернатива, а истата има и подршка од партијата „Самоопределување„ на косовскиот премиер Албин Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

И уште еден актуелен градоначалник влегува во претседателската трка. Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ и градоначалник на скопски Карпош.

Вториот круг на изборите ќе се одржи на 8. мај, кога се одржуваат и парламентарните избори.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

Редакција

Плати од 29.866 до 70.052 денари: Објавен оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

(Видео) Касами не само што не се извини и огради, туку си објави и видео на кое се потенцира знамето со карта од „Голема Албанија“

Редакција