еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Актуелниот македонски претседател, Стево Пендаровски по третпат ќе се трка за втор мандат за оваа функција. Тој е кандидат за претседател на Македонија на владејачката СДСМ, одлучи раководството на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски во трка за втор мандат, Силјановска Давкова кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На 3. март за него ќе одлучуваат и Централниот и Извршниот одбор на партијата.

Кој е Пендаровски

Пендаровски е роден на 3. април 1963 година во Скопје.

Неговото семејство потекнува од мијачкото село Галичник, а пораснал во Скопје. Родителите му биле учители.

Средното образование го завршил во скопското училиште „Цветан Димов“.

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година.

Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство и политичика кариера

По дипломирањето во 1987 година, Пендаровски работел во адвокатска канцеларија во Скопје како приправник.

Потоа се вработил во Министерството за внатрешни работи, каде што работел во Одделот за аналитика.

Во 1998 година бил назначен за началник на Управата за аналитика и истражување на Министерството за внатрешни работи, а паралелно бил назначен и за портпарол на Министерството, како помошник министер за односи со јавност.

Во 2000-тите беше советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

По ненадејната смрт на Трајковски, Пендаровски во 2004 година е назначен за претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Од 2008 година Пендаровски предава на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Некои од областите за кои предава и истражува се: меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализација, надворешна политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи и други.

Кандидат за претседател по третпат

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на Македонија во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеа да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година по вторпат беше кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Пендаровски овојпат успеа да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова. Таа и на овие избори му е конкренција, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Бил и пратеник

Иако не бил член на политичка партија, на почетокот на 2010-тите години Пендаровски бил политички активен во СДСМ. Членувал во Дипломатскиот совет и Советот за ЕУ интеграција на СДСМ, а подоцна бил назначен и за претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграција на партијата, како надворешен соработник.

На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски беше носител на СДСМ во првата изборна единица. По изборите Пендаровски беше пратеник во македонското Собранието.

Во 2017 година Пендаровски беше назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО и поради тоа се повлече од пратеничката функција.

Претседател на Македонија е од 12. мај 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски ја поднесе иницијатива за референдум до ДИК, на еден трошок побара и предвремени избори

Редакција

Започнат е процесот на консултации во ЕУ за францускиот предлог, откри Османи

Редакција

Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од парите од Владата ќе му ги дадат нему: „Доволен ни е историскиот сребрен медал“

Редакција