еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Јавниот превоз за празниците ќе функционира по неделен возен ред

Во недела (31.12.2023 година) и понеделник (1.01.2024 година) јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1. јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, информираат од ЈСП.

Од вторник (2.01.2024 година) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во недела (31.12.2023 година) и понеделник (1.01.2024 година) билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од вторник (2.01.2024 година) продолжуваат со вообичаено работно време.

Жичарницата на 31.12.2023 година ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.147

Редакција

„Виз ер“ крати летови од Скопје на девет линии

Редакција

Каква бактерија е МРСА и како се пренесува

Редакција