еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Андријана Јаневска одбила да ја преставува Македонија на Евровизија

Македонија годинава немаше претставник на Евровизија, а по нејзиното завршување се огласи пејачката Андријана Јаневска, која добила покана да ја претставува државата во Малме, Шведска, но одбила.

„Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија” или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија”.

Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.

Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука,“ пишува Јаневска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како звучи победничката песна: Швајцарија победи на Евровизија

Холандија дисквалификувана од финалето на Евровизија

Фото: Фејсбук/Јаневска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку седум македонски граѓани моментално се во Израел

Редакција

Од утре снег и северен ветер

Редакција

195 се реинфекции: 1.500 нови случаи на Ковид-19

Редакција