Стрипот „Lucy the Necromancer„ на Дамјан Михаилов, кој беше објавен изминатиов јуни на англиски јазик, сега е достапен и на македонски.
Истиот може да го набавите на Саемот на креативни индустрии, кој се одржува во „Лабараториум“, и завршува денеска или во „Бункер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саем на креативни индустрии денеска и утре во „Лабораториум“
Михаилов за еМагазин вели дека стрипот ќе има и продолжение и дека е задоволен од досегашниот успех на истиот, а за главниот лик Луси, вели дека е комбинација на симпатично и табу.
На Михаилов, кој е креатор на видео игри, цртањето стрипови му е хоби. За себе вели дека е полупрофесионалец во оваа област, а со тоа се занимава 15 години.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.