еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани употреба на дронови над Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа ги информираше граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.

Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, информираа од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внатрешната контрола на МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција

ДИК: За Сашко Николов гласале 11.668 гласачи, а веднаш зад него е Симон Поликарп-Џими со 1.198 гласови

Редакција

Турскиот театар склучи договор со Универзал Балкан вреден 1,5 милион евра

Редакција