еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„А1 Македонија“ ќе донира на ЦУК технолошки напредна опрема, која ќе им помогне на пожарникарите

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи се сретна со Методија Мирчев, главен извршен директор на „А1 Македонија“, по повод нивната иницијатива за помош и поддршка на ЦУК во тековните напори за справување со пожарите од поголеми размери во нашата држава, преку донација на преносна ИТ, видео и комуникациска опрема и технички уреди, информираат од компанијата.

Донацијата се состои од опрема вклучувајќи и технолошки напредни апарати и треба да помогне на професионалните противпожарни екипи во нивната работа, документирање и комуникација, а и следење на состојбата на теренот, особено таму каде што има пожари.

„Во овие неизвесни денови за населението кое живее во близина на опожарените места кои спасот го гледаат во професионалните единици за гасење на пожарите, нашата поддршка е насочена кон сите засегнати страни и се надеваме дека донацијата ќе овозможи олеснување на вашата комуникација и координација при активностите на професионалните екипи на терен.

Нивната посветеност и храброст не инспирираат и чест е да се придонесе во нивните тековни напори. Се надеваме дека оваа донација ќе им помогне за опремување со алатки и ресурси што им се потребни за да продолжат со нивната исклучително важна работа,“ изјави Мирчев.

Ангелов, на крајот од средбата изјави дека секое парче опрема прави разлика во обезбедување поголема ефикасност на терен при заштитата на вегетацијата, имотите и животите на населението.

„Обезбедената опрема ќе ја подобри нашата оперативна ефикасност и ефективност во борбата со шумските пожари”, додаде Ангелов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странските работници доаѓаат во Македонија за да „исчезнат“, за неколку дена им се губи трагата на 13 работници од Непал

Редакција

Кина „внимателно ја следи“ ситуацијата во Украина и повика на воздржаност

Редакција

САД се ангажира да нема нови брања од Бугарија, изјави Ескобар

Редакција