еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бегството на Рамадани е скандалозно, оцени Дачиќ и бара објаснување од Македонија

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Македонија, соопшти српското МВР.

„Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди.

Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша меѓународна потерница да побегне од домашен притвор или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено“, рече Дачиќ.

Поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани кој минатиот месец беше уапсен во Македонија по потерница на Србија, избега од домашен притвор од куќата на роднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР потврди дека избегал Рамадани, ќе се бара со потерница

Фото: Дачиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска протест поради несреќата во која загина 22-годишната Фросина Кулакова

Редакција

(Галерија) Македонскиот модел Горјана Кулишевска-Џоја во лукбук за Alexander McQueen

Редакција

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Редакција