еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 кривично ќе ги гони Заев и Русковска, Судот во Стразбур донел позитивна одлука за „Рекет“

Бојан Јовановски познат како Боки 13, на својот Фејсбук информираше дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур донел позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокат Сашко Дукоски за случајот „Рекет“, каде била нападната пресудата за случајот по повеќе основи.

-Позитивната одлука на Судот во Стразбур е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд.

По конечно завршување на постапката во Стразбур, Ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги превземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот „Рекет“, во која имаше сѐ, само право не.

Граѓаните и јавноста ја заслужуваат вистината за овој фамозен случај “Рекет“ преку утврдување на точна и вистинска фактичка состојба во законита постапка каде ќе се утврдат факти и ќе се добијат одговори на сите отворени прашање кои оставија правна и стварна дилема за овој случај, со цел и намера да се заштитат високите интереси на вистинските виновници, пишува Јовановски, кој заврши во затвор за овој случај..

Тој информира и дека е донесена и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур, и дека е прифатена апликацијата која се однесува на неговото “незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура“.

-По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот „Рекет“, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Амзовски се откажа од прогон на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз„

Казната на Боки 13 за „Рекет“ намалена од девет на четири години

Фото: Фејсбук/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за убиството на Вања и Панче одложено за 20. септември поради спојување на постапките

Редакција

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови

Редакција