Бојан Мишевски, на 22. декември започна да ја пешачи најдолгата патека по целата должина на Нов Зеланд, која изнесува 3.040 километри.
„Бидејќи веќе бев одлучен ова да го реализирам со сопствени средства, дојдов до идеја да отворам кампања преку ecrowd да може да донираат и да се помогне на тие што им е повеќе потребна таа помош. Би ве замолил сите што ме познаваат, следат и сите останати кој се во можност да донираат колку можат,“ апелира Бојан.
Со подвигот што го започнал, голем број луѓе се јавија за поддршка (морална, финансиска, материјална).
„Наместо да прифати лична поддршка за својот предизвик, Бојан сака да направи разлика. Тој организира дигитална касичка на ecrowd.mk каде сите собрани средства одат за кампањи за здравје, хуманост и образование за млади.
Со знамето Бојан ја промовира Македонија. Со QR-код на маицата, дарува на тие на кои им е најпотребно. Да ја поддржиме хуманоста на Бојан. Сакате и Вие да направите разлика? Креирајте своја дигитална касичка за донации ОВДЕ,“ се вели во апелот за донации.