еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Брачен пар од Скопје измамени за 824.000 денари за купување стан

Во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од околу 824.000 денари, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на правно лице од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30% од вкупната сума на чинење на истиот и дека останат 70% ќе бидат платени од државни пари.

Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Двајца пратеници со Ковид-19 во Собранието гласаа во скафандери од кабина

Редакција

(Видео) 43 загинати во железничката несреќа во Грција, масовен протест во Атина

Редакција

Опфатот со вакцинација против Ковид-19 во Македонија е 46%

Редакција