Наместо 20 години, колку што бараше семејството на Фросина Кулакова, денеска Васил Јованов кој ја усмрти на пешачки премин доби затворска казна од 12 години.
Таткото на Кулакова, Тодор Кулаков, по изречувањето на пресудата ја напушти судницата и рече дека: „судот е мафија“, а нејзината мајка и сестра останаа.
Според судијката Снежана Марковска, олеснителни околности за ваквата пресуда биле што Јованов изразил каење, имал чувство на вина, бил млад и ја прифатил одговорноста и изразил жалење.
Јованов на 29. јануари без возачка дозвола, под дејство на алкохол, со брзина од 91 километри на час удри во Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а таа почина на лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.