еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вевчанска маска предизвика остри реакции од јавноста, бидејќи повреди верски чувства

Вевчанска маска со Исус Христос и крст направен од пивски гајби предизвика остри критики во јавноста, бидејќи повреди верски чувствува кај православните граѓани.

„Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението.

МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност,“ напиша новинарот Марјан Николовски, на неговиот Фејсбук-профил, кој со години следи теми поврзани со религијата.

Oд Бигорската свештена обител гласно повикуваат на јавно извинување од „организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина.“

Тие, како што велат, „длабоко се повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на божествената личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал.“

„Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд,“ велат од Бигорски манастир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги новите антикорупционери: Која е претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска

Редакција

Попладне врнежливо време со силен ветер

Редакција

Вкупно до сега 3.300: Починаа 20 лица од Ковид-19

Редакција