Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на опозициската партија за престојните партиски избори на 16. март, информираа од партијата.
На претходните избори за претседател, Филипче имаше неколкумина противкандидати: поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поранешниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.
Фото: СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.