еМагазин
Image default
Како се прави ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Како се прави минералната вода “Кожувчанка“

На 900 метри на планината Кожуф, 38 километри од Кавадарци се наоѓа изворот „Кисела вода“, од кој вода се користело уште во римско време. Овде тогашните жители доаѓале да ги почуствуваат благодетите и лековитоста на водата.

Водата извира од 85 метри длабочина.

Таа во основа е магнезиум калциумова и во себе содржи бројни минерали кои се во идеален сооднос, правејќи ја единствена по квалитетот.

Денеска од таму се полни вода за еден од најпознатите македонски брендови, природната минерална вода „Кожувчанка“.

Изворот е на имот на дедо од татко, на мнозинскиот косопственик на фабриката „Кожувчанка“, Митко Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев за првпат зборува за приватниот живот: Како несудениот полицаец стана бизнисмен и градоначалник

Неколку метри подолу е и погонот на фабриката „Кожувчанка“ за производство на оваа вода, основана во 1995 година, од кога и се произведува водата.

Истата во погонот стигнува под земја преку затворен цевководен систем долг 1.800 метри, со што на водата нема никакви други влијанија.

Интересно е дека не се користи пумпа за нејзино вадење, туку истата стигнува во погонот со помош на гравитација.

Кога водата ќе стигне во погонот, како што ни објасни Бобан Манасиевски, главен технолог за водите кои ги произведува „Кожувчанка“ и контролор на квалитетот, прво се прави микробилошка филтрација.

Во фрабриката тој работи 19 години.

Водата се филтрира со PALL филтер станица од 0,1 микрон, без никаков хемиски третман, задржувајќи го својот хемиски состав.

Истата потоа се лади, бидејќи изворно е 22 Степени, со помош на разладни уреди и истата добива температура од 9-10 Степени. Овој процес придонесува за полесна карбонизација, односно врзување на CO 2.

Во овој дел од процесот се вади и кислородот од водата или деаерација, микрофилтрација со PALL филтер од 0,2 микрона, како и карбонизација.

Редовни контролни испитувања на водата врши и Институтот за јавно здравје, лабараторијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, „Унилаб“ во Штип, како и европскиот институт SGS Institut Fresenius од Германија.

Следи полнење на водата.

По полнењето следи фазата на лепење на етикетите.

Потоа се става датумот на производство, рокот на трањето и производствената серија со ласерски принтер, па следи пакувањето и водата е подготвена да се транспортира до крајните потрошувачи.

Погонот има капацитет за производство на 10 илјади шишиња за еден час.

При производството на минералната вода „Кожувчанка„ се применува Системот за управување со квалитет согласно со ИСО 9001:2015, Системот за управување со безбедност на храна согласно ИСО 22000:2018, Системот за управување со животна средина согласно ИСО 14001:2015 и Системот за управување со заштита на здравје и безбедност при работа согласно ИСО 45001:2018.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Митко Јанчев има две канцеларии

Сите стории од оваа рубрика ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција

Радев задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е проблемот со Македонија“

Редакција

Твитер „збесна“ за заканите на ИВЗ: „Имот или нема гласови од верниците за Стево“

Редакција