Откриен е еден од крадците на сефот од маркетот во скопско Црниче.
Лицето има 23 години и за кражбата која се случи на 1. април за него е поведена постапка за кривичното дело – Тешка кражба, информираа од Јавното обвинителство, од каде споделија и детали за сè што е украдено од маркетот.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Згрешен (@Zgreshen) April 2, 2024
Тој ноќта меѓу 31 март и 1. април со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во скопско Црниче и одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари во вредност од 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари.
-Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати.
Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец, велат од Обвинителството
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот.
Полицијата работи на откривање на неговите соучесници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крадци изнесуваат сеф: Објавена снимка од грабеж во маркет во скопско Црниче