еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Сенки“- нов сингл на Хејз

Сенки е новиот сингл на Хејз (Haze), четврти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing и Heaven.

Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Тод Хејз (Todd Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј, а има издадено и повеќе од 20 синглови и ремикси.

Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Хејз (Haze) е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови но најмногу доминира етно мелосот.

Синглот Сенки беше претставен на јавноста на 5. јули преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia, која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.

Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев.

Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.

Линк од Spotify: open.spotify.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 204 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ковачевски не откри многу детали за францускиот предлогот: Историските прашања не се дел од преговарачката рамка

Редакција

На компании од власта им било барано и до 100.000 евра корупција

Редакција