еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) “Македонска пошта“ издаде поштенски марки со карта на „Голема Хрватска“, целиот тираж ќе биде поништен

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје издаде поштенска марка со погрешна карта на Хрватска.

На марката е картата на „Голема Хрватска“, која ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.

Од Пошта се извинија преку соопштение за ненамерната грешка и техничките пропусти, како што велат, “при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“, чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ„.

“На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6.000 примероци.

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје изразува жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа.

Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата држава“, велат од Пошта.

Од таму информираат и дека по повод ненамерната техничка грешка се состанал Управниот одбор на Друштвото со цел преземање мерки во рамки на своите надлежности, а во согласност со Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.

„На итно одржаната седница на ден 09 мај 2020 година, Управниот одбор на Друштвото донесе одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6.000 примероци и номинална вредност од 72 денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година.

Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж“, велат таму и информираат дека е донесена и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и
одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестна нота од Србија за поштенската марка со картата на „Голема Хрватска„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

31% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Годинава повеќе барања за бугарски прасош во Албанија, отколку во Македонија

Редакција

Коронавирусот пристигна и во Турција

Редакција