Мадона (65) по којзнае кој пат потврди дека се уште е кралица на поп музиката.
Синоќа на позната плажа Копокабана во Рио де Жанеиро, Бразил, одржа бесплатен концерт во рамки на нејзината светска турнеја „Celebration”, со која прославува 40 години на музичката сцена.
Со истиот ја заврши турнејата во која имаше 80 концерти низ целиот свет.
Според проценките на локалните власти на синоќешниот концерт присуствувале над 1,6 милион лица. Тоа е нов рекорд за Мадона. Досегашниот и беше 170 илјади, во Париз, Франција, во 1987 година.
Фото: Мадона/Фејсбук/видео: Sergio x Madonna/TRi THIS Music/MDNNA TOURS/Serra News
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.