Vertigo е млад бенд од Скопје кој го составуваат Јана Мирчевска – вокал и Стефан Трајкоски на гитара.
Нивната музика и творештво се вдишани од разновидноста на музичките жанрови што ги слушаат, и како резултат, нивната музика нема конкретен стилски правец, туку претставува синтеза на различни жанрови и влијанија.
Во музичкиот креативен процес, Vertigo се фокусираат на изразот, слободата и издигнувањето на индивидуалниот звук. Ова означува дека бендот го следи својот уникатен пат во творештвото.
Нивниот прв сингл, „Too Late“ претставува илустрација на оваа силна креативна слобода и духовно разнообразие. Песната се издвојува со својата разноликост во звукот. Во „Too Late“ може да се чујат елементи од неколку различни музички стилови како: поп, рок, амбиент рок, хард рок и други.
Vertigo, како млад бенд, дефинитивно е нешто ново за македонската и глобалната музичка сцена.
После неколку месеци од нивниот прв официјален сингл „Too Late“, Vertigo се враќаат со нивниот нов сингл „Sonuvam“. За музиката, аранжманот, миксинг и мастеринг е одговорен Толга “ТOBY” Мазхар, кој неодамна соработуваше со Елена Китиќ, Раус и 2Бона.
Исто така за музиката е одговорен Стефан Трајкоски, а заедно со Јана Мирчевска се заслужни за текстот.
Песната ја доловува трансформативната и воздигнувачка моќ на соништата, кои обезбедуваат бегство од секојдневниот живот или тешките аспекти на животот и носат чувство на радост и исполнување.
„Текстот на „Sonuvam“ не дава конкретни детали за содржината на сонот, туку се фокусира на емотивното искуство од него. Се надеваме дека ќе ве однесе некаде каде што ќе се чувствувате живи, надежни и далеку од секојдневието,“ велат од Вертиго.