Авиокомпанијата „Виз ер“ од 27. октомври ги намалува летовите од Скопје до Шарлроа и Ајндховен од пет неделно на четири, до Берлин од пет на три, до Келн, Милано и Хамбург од четири на три, до Хан и Болоња од три на два и до Малта од четири на три неделно, објави спецјализираниот портал Ex-Yu Aviation News.
Авиокомпанијата, исто така, одлучи да го зголеми бројот на летови за три дестинации.
Летовите кон Нирнберг ќе се зголемат од два на три неделно, до Малме од три на пет неделно, а до Лондон Лутон од три на четири неделно.
Причина за намалување на летовите според порталот е што флотата на семејството A320neo на „Виз ер“ е подложена на инспекции поради производни проблеми со моторите.
Компанијата во моментов има приземјени над четириесет свои авиони.