еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Во веце го чекале судниот момент„: Доктор Беќаровски сподели траорни приказни за преживеани во пожарот во Кочани. кои се лекуваат на Токсикологија

Докторот Нико Беќаровски на својот Фејсбук сподели траорни приказни за преживеани од пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загина најмалку 59 лица, а се повредени 196.

Како што информира тој на Универзитетската клиника за токсикологија се хоспитализирани дваесетина “млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар“.

-Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сѐ уште со гареж во нивните гради.

Но, секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути.

Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности.

Тие раскажуваат, нас солзите нѝ навираат.

Ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна, своја лична траума. Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд.

Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник.

Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник.

Зошто?

“За туѓи бели дворови, копај си црни гробови”“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани

(Вознемирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани, Ројтерс објави снимка од подготовките

(Видео) „На душите им треба молитва, да ги погребеме децата па ако сакате запалете го градот,“- свештеник ја смирува вчерашната толпа во Кочани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиволенд почнува на 21. септември

Редакција

Намалување од 10,8%: За една недела регистрирани 705 нови позитивни случаи на Ковид-19

Редакција

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Редакција