еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Безживотно тело забележано во Вардар кај Градско

Во реката Вардар, кај село Уланци, Општина Градско е забележано безживотно човечко тело, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.

Оттаму посочуваат дека телото било забележано од страна на полицијата од СВР Велес.

– Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино, стои во соопштението од ЦУК.

Дополнуваат дека за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување и Локалната самоуправа.

Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кавадарци отстранет од работно место возачот на болничко возило кој возел под дејство на алкохол

Редакција

Странците ќе плаќаат исто како и македонските граѓани за приватно лекување во јавното здравство

Редакција

Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19

Редакција