Во болниците во Македонија во моментот се хоспитализирани вкупно седум повредени лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, еден повреден на Клиника за токсикологија и двајца во приватната болница Систина, информираа од Министерството за здравство
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 повредени.
За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Бугарија.
-Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица, велат од Министерството.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.