Во мемоарите на поранешната германска кацеларка Ангела Меркел, насловени како „Слобода“, од кои се проценува дека ќе заработи милиони, од живите балкански политичари е спомнат само поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели новинарот на германски Франфуртер алгемајне цајтунг, Михаел Мартенс, кој се смета за добар познавач на политиката на Балканот.
Former Austrian chancellor Sebastian Kurz: not mentioned. Former Greek finance minister Giannis Varoufakis: same. On the Western Balkans, the only (living) politician Merkel mentions in her memoirs is Zoran Zaev, whom she calls “courageous and determined”. That is about it.
— Michael Martens (@Andric1961) November 26, 2024
Тој имал увид во мемоарите, во кои според него од политичарите од Западен Балкан не се споменуваат ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту албанскиот премиер Еди Рама или поранешниот бругарски премиер Бојко Борисов.
За Заев Меркел напишала дека бил „храбар и одлучен“.
Мемоарите се објавени на повеќе јазици во над 30 земји, а ќе бидат објавени и во Кина.
Книгата има 736 страници, а Меркел планира и турнеја за нејзина промоција.
Фото: Влада