Билтенот за движењето на акутните заразни заболувања на Институтот за јавно здравје покажува дека во февруари биле пријавени четири случаи на ХИВ и еден на СИДА.
Сите лица се од машки пол, а се на возраст од 20 до 39 години.
Пријавен е и еден смртен случај од СИДА, регистриран како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35-39 години.
Заклучно со февруари 2024 година, вкупниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2024 година изнесува 645, од кои 127 лица починале, а 518 лица живеат со ХИВ/СИДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јануари регистрирани 3 нови случаи на ХИВ, сите се мажи, на возраст од 20-59 години
Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?
Зголемување на ХИВ инфекциите кај хетеросексуалната популација, кои се симптомите