еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Вучиќ за Северина мисли се најлошо

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е во фокусот на регионалната јавност откако неколку часа беше задржана на српската граница, по што се врати во Хрватска и не влезе во Србија иако и беше дозволен влез.

Таа беше задржана бидејќи се наоѓа на список за „вербални прекршоци“ на Србија.

Вучковиќ образложи што ја испрашувала српската полиција и најави дека нема да оди таму додека српскиот претседател Александар Вучиќ е на власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што ја испрашувале српските полицајци, Северина сподели детали

За инцидентот вчера регираше и Вучиќ, кој за телевизијата Пинк најави дека наскоро ќе се укинат овие списоци, но рече и дека за пејачката мисли се најлошо.

„Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече така е и така е и тој ми кажа дека не била приведена, ја држеле два часа на граница. Мислам дека е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам се најлошо.

Ние мора да се разликуваме од нив во сè. Не дај боже да водам држава во која го апсат секој што ги слуша песните на Томпсон. Пуштете ги сите. Тоа што ја мразат Србија зборува за нив“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северина приведена на границата со Србија, Дачиќ откри зошто

Фото: Фејсбук/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на загрозување, констатирано на Советот за безбедност

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје

Редакција