еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Во хотелите Сиде се чувствувате добродејдено, поради гостопримливоста на домаќините

Известувач од Сиде за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Хотелите во Сиде го немаат луксузот како во Белек, но затоа ја имаат гостопримливоста и топлината на домаќините. Во секој од овие хотели ќе се почувствувате толку добредојдено, што ви оставаат впечаток како само вас да ве чекале.

Плажите се песочни, и токму затоа хотелите во Сиде се и едни од најбараните за време на туристичката сезона.

„Во Сиде хотелите се помали, семејствата со мали деца се одлучуваат токму за ова место поради песочните плажи, но поради тоа што е поевтин од Белек,“ вели за еМагазин.мк Далила Мејалац, претставник на Фибула Анталија за дестинации.

Сите хотели имаат одлични содржини за забава и бројни спортски активности кои се изведуваат на надворешните базени.

Предноста на гостите овде е што стариот град Сиде е блиску до хотелите, и вреди да се посети бидејќи е еден од најголемите антички градови во светот. Секоја година истиот се проширува и навистина има што да се види. Уличките во чаршијата се колоритни и шармантни со испреплетени мириси и бои во кои се нуди се, од најевтино до поскапо. Доста потсетува на чаршијата во Охрид која води кон чинарот.

За разлика од Белек, овде во градот има каде да се прошета и што да се види.

Од Сиде се достапни сите екскурзии кои се во програмата на Фибула како 50 shades (рафтинг, џип сафари и зип лајн) Аквариум, нуркање во Алања.

Well Palace Side Hotel

За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.

Terrace Hotels Beach Resort

За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.

Vox Maris Resort

За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.

Arnor De Luxe Hotel & Spa

За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона

(Галерија) Луксузот на хотелите во Белек, го надминува поимот ultra all inclusive

(Галерија) Најдолгиот аквариум тунел е во Анталија, не пропуштајте блиска средба со ајкули и егзотични риби од цел свет

(Галерија) Возењето на Olympos Teleferik на падините на планината Tahtali, е нешто што не смеете да го пропуштите во Анталија

(Галерија) Рафтингот е вистински избор ако сте на одмор во Анталија, и сте љубител на авантури и спортски активности во природа

Фото/еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

Редакција

(Видео) Македонските војници помогнаа во спасувањето на петгодишниот Сулејман од рушевините од земјотресот во Турција

Редакција

Горивата поскапуваат до 1,5 денари

Редакција