еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Најдолгиот аквариум тунел е во Анталија, не пропуштајте блиска средба со ајкули и егзотични риби од цел свет

Известувач од Анталија за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Доколку ова лето сте на одмор во Анталија, не ја пропуштајте турата до Аквариум, бидејќи таму се наоѓа најголемиот тунел аквариум во светот. Тунелот е долг 131 метар и широк три метри. Супер искуство за една блиска средба преку стакло со ајкули, пирани и цел еден подводен шаренолик свет на риби, кои пливаат во 40 тематски аквариуми.

Во овој комплекс постои и Wildpark каде што може да се видат најотровните змии, шкорпии, пајаци, игуани, односно цел еден интересен егзотичен свет, кој не е баш препорачлив за средби во живо.

Неодамна е отворен и Музеј на восочни фигури Face 2 Face, каде што на 1.000 метри квадратни се наоѓаат повеќе од 50 восочни фигури на политичари, музичари, уметници, научници, спортисти, актери некои помалку, а некои повеќе автентично доловени во ликовите.

Во комплексот постои и Snow World, во кој што се нуди уникатно искуство да се доживее зима среде лето. 1.200 метри квадратни се покриени со природен снег, има терен за санкање, игло, фигури од мраз, мали планински куќички со што автентично се доловува зимски планински амбиент. Од 40+ може да влезете на -5 степени.

Посетата на Аквариумот се нуди во сите хотели каде што Фибула има свои претставници, и е дел од бројните туристички понуди.

„Популарни екскурзии се и џип сафари и рафтинг, потоа нуркање во Кемер и Алања, кои се познати по тоа, бидејќи подводниот свет е доста богат. Памук Кале исто така е барана дестинација, иако е малку подалеку, сепак гостите сакаат да го посетат. Таму се наоѓа базенот на Клеопатра во кој има минерална вода. Од тука може да се посети и античкиот град Хиераполис.

Фибула организира и шопинг тури кои исто така се доста популарни, бидејќи Турција е позната по кожа, крзно и накит. Потоа античките градови Демре, Мира и Керкова од кои еден дел се наоѓа под вода.

Делфинариумот е убава и интересна екскурзија, има убаво шоу со делфини и фоки, за љубителите на делфини има опција и пливање со нив,“ вели за еМагазин.мк Делила Мејалац, претставник на Фибула Анталија за дестинации.

Која од овие атракции да ја изберете нема за згрешите, но посетата на Аквариум е искуство кое се памети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона

(Галерија) Возењето на Olympos Teleferik на падините на планината Tahtali, е нешто што не смеете да го пропуштите во Анталија

(Галерија) Луксузот на хотелите во Белек, го надминува поимот ultra all inclusive

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Украдена шолја од јавен тоалет во Штип

Редакција

МНР со вербална нота за изјавата на лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадинов, за кој Македонија е втора бугарска држава

Редакција

Најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители во Македонија има во Штип

Редакција