Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека Грција на престојниот Самит на НАТО во јули ќе го отвори прашањето за употреба на уставното име на Македонија.
-Секако дека ќе го покренам прашањето на Самитот на НАТО за 75-годишнината од формирањето на Алијансата. И навистина би го охрабрил раководството на Скопје да не го стави во опасност европскиот тек, кој нашата земја го има поддржано, кој мислам дека и самите граѓани го посакуваат.
Да сфатат дека изборите поминаа, дека популизмот во надворешната политика можеби е привлечен за привлекување гласови, но не го издржува водењето на сериозна надворешна политика кога некој официјално ги презема должностите.
Верувам дека на крајот ќе преовладее логиката и ќе постои препознавање на она што се подразбира во Договорот, кој за нас има негативни работи, но една од важните димензии е токму едното и единствено сложено име за сите и ова не може во пракса да се оспори од никој, одговори Мицотакис на прес-конференција.
Тој уште еднаш повтори дека од мандаторот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, “дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и за внатрешна и за надворешна употреба“.
Тој посочи и дека во моментов Грција констатира дека „намерата на ВМРО-ДПМНЕ е во пракса да го оспори едното и единствено име за сите“ и рече дека „Грција нема да го прифати ова“ и дека во однос на тоа Грција е на иста линија со САД и Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа
Фото: Фејсбук/Мицотакис