еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција ќе стави вето, но ќе ги блокира и парите од ЕУ-фондовите за Македонија: Грчките медиуми за „тајното оружје„ на Мицотакис

За време на Самит на НАТО во Вашингтон, САД, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека Грција има „тајно оружје„ за неупотребата на уставното име на државата од страна на македонското раководство, но не соопшти детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција го отвори прашањето за неупотребата на уставното име на Самитот на НАТО

Договорот за името благодарение на Мицотакис, беше и тема на сесија на лидерите на НАТО на Самитот.

Деновиве пак грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис за весникот „То Вима“ изјави дека Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа.

„Грчката страна го истакна прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО кон меѓународното право и меѓународните договори што ја претставуваат основата на глобалната безбедносна архитектура.

Посебно осврнување имаше на должното верно почитување на Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го прекршува новото политичко и државно раководство на Северна Македонија“, изјави Герапетритис.

Грчки Капитал денеска објави дека Атина во моментов размислува да реагира со „замрзнување“ на следните поглавја од преговорите на Македонија со Европската Унија (ЕУ), како и „економското гушење на соседната земја доколку Грција повлече „рачна кочница“ на фондовите на ЕУ, кои би биле насочени кон Скопје, што веројатно не е од помало значење за Северна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски го користел уставното име на состаноците на Самитот на НАТО

Грчка влада: Европската перспектива на Македонија е затворена се додека не ги почитува преземените обврски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алелуја: Објавен тендер за чистење на линданот во ОХИС, кој со децении ги труе Скопјани

Редакција

Канческа Милевска на суд: Нови рочишта за „Тендери“ и „Тарифа“

Редакција

Убава вест: Оздравени 526 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција