Грчките медиуми пренесуваат циркуларно писмо на Врховниот суд на Грција во кое Судот предупредува на злоупотреба на Преспанскиот договор од страна на официјални лица од Македонија на официјални настани, каде тие го употребувале името Република Македонија.
Судот дава препорака до грчките обвинители веднаш да реагираат при вакви случаи.
.„Треба да се биде внимателен и веднаш да се реагира, за да се обезбеди правилна употреба на името на северниот сосед, Во случај на неточна пријава од претставник на горенаведената земја или трета држава или од организаторот, тие мора да реагираат до организаторите со повикување на договорот и да не се потпишуваат на никакви заклучоци или заеднички соопштенија од тие собири“, им се препорачува на обвинителите во писмото.
Писмото на Судот било инспирирано по „инцидентите на две меѓународни правни конференции надвор од ЕУ. Претставникот на Скопје се претставувал како претставник на Република Македонија“.
Фото: Влада