еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Тежок пораз на Ердоган на локалните избори, изгуби во Истанбул, Анкара и други големи градови

Републиканска народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција победи на локалните избори во главниот град на земјата, Анкара и во Истанбул.

Во Истанбул победи актуелниот градоначалник, Екрем Имамоглу, а во Анкара Мансур Јавас.

ЦХП според последните информации на турските медиуми е на пат да победи и во други големи градови во земјата, меѓу кои и Измир, Бурса, Адана и Анталија.

Лидерот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и актуелен претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган го призна поразот, изјавувајќи меѓудругото дека изборите не поминале како што се надевал, но во обраќање до неговите поддржувачи рече дека тоа не значи „крај за нас, туку пресвртница“.

Во западниот, јужниот и северниот дел на Турција мнозинството од гласови освои ЦХП, прокурдската партија Дем најверојатно ќе раководи со градови во југоисточниот дел на земјата, а партијата на Ердоган продолжува да доминира во централна Турција и има поголем успех во областите на југоисточните делови на земјата кои беа погодени од силниот земјотрес во февруари лани.

На локалните избори во Турција кои се одржаа вчера, право на глас имаа околу 61 милион граѓани на земјата, а повеќе од еден милион млади гласачи за прв пат го дадоа својот глас.

Излезноста беше 77%.

Фото: Фејсбук/Имамоглу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

Редакција

Македонија и Албанија може да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ

Редакција

За вакцинираните против Ковид-19: Не повеќе од два алкохолни пијалаци на ден за мажи и еден – за жени

Редакција