еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За вакцинираните против Ковид-19: Не повеќе од два алкохолни пијалаци на ден за мажи и еден – за жени

Нема докази дека по вакцинацијата против коронавирусот, алкохолот влијае на ефикасноста на вакцината.

Ова е ставот на британската Агенција за регулирање лекови, којашто реагираше откако на социјалните мрежи се појавија гласини за потребата од апстиненција од алкохол две недели по вакцинирањето.

„Досега нема докази дека алкохолот влијае на ефективноста на вакцината против Ковид-19. Исто така, ништо во информациите на производителот на вакцини или во упатствата на Британската здравствена служба не посочува на ваков заклучок“, соопшти Агенцијата.

Се смета дека теоријата за апстиненцијата потекнува од Русија, каде што едно од официјалните лица јавно предупреди дека алкохолот може да ѝ наштети на способноста на организмот да развие антитела.

Илхем Месауди, директорка на Центарот за истражување вируси при Универзитетот на Калифорнија, вели дека поголемиот внес на алкохол генерално го нарушува имунитетот и го прави човекот поранлив на зарази.

– Но, кај луѓето кои консумираат алкохол во умерени количини, нема опасност. А, умерено внесување значи – не повеќе од два алкохолни пијалаци на ден за мажи и, еден – за жени, рече таа.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотелите и сместувачките објекти отвораат од понеделник на 22 јуни, според протокол утврден од Владата

Редакција

ЕСМ и топланата „Скопје Север“ потпишаа договор – ќе продолжи испораката на греење во општините Чаир и Бутел

Редакција

Уготур со добивка во првиот квартал

Редакција