еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дали е татко на Вања инволвиран во нејзиното грабнување? Тој негира

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и основниот јавен обвинтел од Основното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, информираа дека постои основно сомневање за инволвираност во грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Оваа сомневање се должи на информациите кои МВР и Обвинителството ги добиле од двајца од осомничените, кои се во 48-часовен притвор, според кои лицето кое е во бегство во Бугарија, Љупчо Палевски Палчо, а кој се сомничи како извршител на убиството на Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, им рекол дека таткото на Вања му дал информации кога таа ќе излезе од дома.

Девојчето било киднапирано од влезот на зградата каде живее, а по неколку часа било убиено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен и таткото на убиената Вања, три лица се во притвор, едно е недостапно

Татко кој е приведен синоќа негирал дека дал такви информации и дека има врска со киднапирањето, подвлече Бубевски, кој рече дека и за него поради истрагата ќе биде побаран притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања била убиена пред една недела, неколку часа по киднапирањето

Граѓани бараат смртна казна за убијците на Вања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Стразбур ѝ наложи на Македонија да исплати надомест на Роми малтретирани од страна на полицијата

Редакција

Одлуката на ФЗО за намалување на операции во приватните установи е флагрантна повреда на правата на пациентите, вели Даниловски

Редакција

Имаа 25 и 36 години: Детали за најмладите пациенти починати од коронавирусот во Македонија

Редакција