еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска дождливо време со засилен ветер, од утре затоплување

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2).

Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје, слично време со повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Синоптичарите, од утре најавуваат период на стабилно, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Какви субвенции се предвидуваат со измените на законот за возила?

Редакција

Универзална сала виа Мавровка: Слика за урнати вредности и институции

Редакција

„Кралско поле“ со марихуана ќе никне во Охрид

Редакција