По четиримесечна битка, на ВМА во Белград денеска почина Вукашин Црнчевиќ (19), како последица од повредите здобиени по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1. ноември минатата година.
„Со голема тага ја информираме јавноста дека по четири месеци храбра борба почина Вукашин Црнчевиќ, повреден во трагедијата предизвикана од уривање на настрешница во Нови Сад.
За жал, Вукашин е шеснаесеттата жртва на оваа трагедија,“ се вели во објавата на „Студентите во блокада“, на социјалните мрежи.
Меѓу загинатите во несреќата е и македонскиот научник Васко Саздовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.