еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска почнува апостолскиот пост во чест на Св. Петар и Павле

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12. јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Разговор со јеромонах Кирил за духовната страна на Велигденскиот пост: Да постиме пред сè, од злото во себе

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за патување во Европска унија: Ковид-сертификатите ќе важат само девет месеци

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Редакција

Голем раст: 219 нови случаи на Ковид-19 од 4.713 тестирања, во Скопје и Тетово по 65

Редакција