еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за смртта на бизнисменот Радомировиќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска официјално ја потврди смртта на бизнисменот Чедомир Радомировиќ (67), кој почина синоќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застрелан бизнисменот Чедомир Радомировиќ, непознато дали е убиство или самоубиство

Нема детали дали се работи за убиство или самоубиство.

Тој синоќа е пронајден застрелан пред 19 часот покрај автомобил марка „лексус“ со скопски регистрации во скопското село Орман.

Крвавел во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура.

Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите.

Радомировиќ е основач на фирмата „Техноком“ и на „Радо банка“, која пропадна во 2005 година поради неликвидност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јули имало дури 765 пожари

Редакција

Кај две лица од Скопје и едно од Струмица регистирана подваријанта на омикрон, „стелт“

Редакција

МАН за борбата со лажни вести: Наместо да дава одговори, Владата ќе ги забранува информациите

Редакција