еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Дигитална објава на четиринаесетте изданија на Фолтин, од страна на Филтер Лабел

Филтер Лабел започнува соработка со Фолтин, една од најзначајните современи македонски музички групи. Комплетниот каталог на групата е достапен за слушање и преземање од сите дигитални сервиси за музика во светот, информираат од таму.

Покрај дигиталната објава на четиринаесетте изданија на групата, Филтер Лабел ќе ги застапува нивните песни и за лиценцирање во филмови, серии, видео игри, реклами, трејлери, итн..

„Иако на меѓународниот музички пазар Филтер Лабел е препознаен како интернационална платформа за музика од автори од целиот свет, тоа и досега не беше пречка во нашиот каталог да се најдат изданија потпишани од некои од највозбудливите домашни автори – електронските и класичните креации на Кирил Џајковски, современиот џез на Гоце Стевковски и Георги Шарески, еклектичната електроника на Tripnotic, бескомпромисниот хип-хоп на Чиста Околина, поп-класичниот хибрид на Никола Коџабашија,…

Фолтин, со нивната нескротлива жанровска љубопитност, но и со професионалноста и посветеноста на тоа што го работат, идеално се вклопуваат во нашата визија за современиот македонски музички израз.

Убедени сме дека нивната способност да изненадат и да возбудат, да освојат на прво запознавање, но и да останат релевантни и интересни и по долго слушање, го прави нивниот потенцијал огромен.

Фолтин се многу повеќе од локални херои, тие се редок музички феномен и во светски рамки.

Особено сме горди што Филтер Лабел е нивниот дигитален партнер и се надеваме дека овие четиринаесет изданија се само почеток на една долга и успешна соработка,“ велат од Филтер Лаб.

Ако користите Spotify, на следниот линк ве очекува плејлиста со сите изданија на групата open.spotify.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: Пендаровски 322.605, Силјановска-Давкова 318.247, Река 79.725 гласа

Редакција

Бројот пак порасна: Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

Редакција

(Фото) Македонското знаме во знак на солидарност истакнато на јарболот пред зградата на Европската комисија по ветото на Макрон

Редакција