еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Директорка на градинка со лажен сертификат за англиски јазик изваден во Бугарија, дошла до функцијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В. (44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17 приведени за сквернавење на знамиња, голем дел се малолетници: Детали од МВР

Редакција

Рудници Бањани лани со добивка

Редакција

„Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“: Новинари од Албанија си купија лажни потврди за бугарско потекло

Редакција