еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Догодина “Алказар енерџи“ ќе гради 55 ветерници во Македонија, струја ќе произведува од 2027

Во втората половина на 2025 година инфраструктурниот фонд со седиште во Луксембург, “Алказар енерџи“ треба да почне со изградба на ветерна фарма со 55 ветерници на земјиште меѓу Карбинци, Радовиш и Штип.

Фармата ќе произведува еден терават струја или околу 20% од вкупно произведената струја во земјава, а истата според најавите ќе почне да произведува струја во 2027 година.

Со инвестицијата како што најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и генералниот директор на “Алказар енерџи„, Даниел Калдерон на презентацијата на проектот во Скопје, ќе се обезбеди струја за 100 илјади домаќинства.

Овој парк ќе биде најголем во Западен Балкан и ќе се вработат 630 лица за неговата изградба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија со санкции за Бајден и други американски функционери, меѓу кои и Хилари Клинтон

Редакција

Нова листа на должници на УЈП: Граѓаните и фирмите должат над 10 милијарди денари

Редакција

(Фото) Реновирана “Улицата на бутиците“ во Тетово, беше промовирана со албански знамиња и обележја

Редакција