Европскиот парламент изгласа резолуција со која бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности за време на изборите одржани минатиот декември во Србија.
„Европскиот парламент повикува на независна истрага од страна на почитувани меѓународни правни експерти и институции за нерегуларности на парламентарните, покраинските и локалните избори, со посебен осврт на изборите за собранието на Град Белград, бидејќи одредени обвинувања се прошируваат, вклучително и оние за организирана миграција на гласачите на локално ниво, надвор од опсегот опфатен во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР ,“ стои во изгласаната резолуција.
Доколку се докаже дека властите биле директно вмешани во измама на гласачите, европските фондови ќе бидат суспендирани.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.