еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Diamond Mall

Со серија интересни настани и случувања кои ќе бидат организирани во следниот период, Diamond Mall продолжува да креира дополнителна вредност и нови можности за уживање и забава за посетителите, информираат од таму.

Едни од тие активности се и џез-забавите што ќе се одржуваат во Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall. Во уникатниот амбиент на овој простор, што функционира како екстензија на Diamond Mall и во кој се сместени неколку ресторани, кафулиња и барови, ќе настапат познати џез музичари од нашата земја.

Овие настани започнуваат на 14. јуни со проектот „Пијан славеј” на дел од членовите на групата „Фолтин“, a продолжуваат на 28. јуни со Тони Китановски и на 5. јули со групата „Gipsy Jazz“, со почеток во 21.00 часот.

За одличната атмосфера која се очекува на овие настани, покрај квалитетната музика, посетителите можат да очекуваат и посебна, збогатена понуда на храна, мезе и пијалаци.

Со организацијата на ваков вид настани, Diamond Mall останува доследен на својата определба, која произлегува од оригиналниот концепт на молот, постојано да нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, гастрономско уживање и забава, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата

Редакција

Во Украина се извршени воени злосторства, потврди Истражната комисија на Обединетите Нации

Редакција

865 нови случаи на Ковид-19 од 2.889 тестирања, во Скопје 330

Редакција