еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Западот го уништува ОБСЕ, порача Лавров, дел од делегациите го напуштија неговото обраќање

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во обраќањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ денеска во Скопје изјави дека „западните престолнини го поткопуваат работењето на ОБСЕ.“

„ОБСЕ е претворен во Огранизација, која им служи на интересите на НАТО и ЕУ и се поставува прашањето дали е мудро истата да биде витализирана. Традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но во моментов нема простор за оптимизам.

Сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднакви права на сите учесници,“ рече Лавров во својот говор.

Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и „одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.“

Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.

Рускиот министер за надворешни работи веднаш по завршувањето на говорот ја напушти салата.

Неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, неговиот македонски колега Бујар Османи, го најави обраќањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета

Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД прва воена сила во светот, Русија втора, Македонија на 135, а Србија на 61 место

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на ПИОМ за телекомуникациски услуги „тежок“ 420.000 евра

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) 31 година ВМРО-ДПМНЕ: Роденденот прославен во Антички театар во Охрид

Редакција