еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, синоќа слета во Скопје за да биде дел од министерскиот Самит на ОБСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета

Има многу барања за билатерални средби со Лавров, вели портпаролката на руското МНР, Захарова

Неговото доаѓање во Македонија поради санкциите за Русија беше комплицирано, поради забраната за прелет на руски авиони, а поради неговото доаѓање на Самитот, истиот го бојкотираа министрите за надворешни работи на Украина, Полска, Естонија, Летонија и Литванија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на украинската дипломатија Кулеба поради Лавров нема да дојде во Скопје

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија ќе го бојкотираат Советот на ОБСЕ

Кој е Лавров

Лавров е роден во март 1950 година во Москва, Русија.

Дипломирал меѓународни односи на Московскиот државен универзитет Ломоносов во 1972 година.

Зборува руски, англиски и француски јазик.

Кариера

Бил советски дипломат во Шри Ланка, каде работел до 1976 година.

По враќањето, започнал да работи во Мнистерството за надворешни работи.

Во периодот од 1981 до 1988 година работел како руски посланик во седиштето на ООН, по што повторно работел во руското Министерство за надворешни работи за да од 1994 година повторно замине во Њујорк како амбасадор на Русија при ООН.

Од 2004 година е именуван за министер за надворешни работи, заменувајќи го Игор Иванов.

Тој е познат по својот одлучен карактер, имајќи го во предвид фактот дека го викаат “министерот Њет (не)“

Свири гитара, пишува поезија, љубител е на пловење со кајак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа салата во која се одржува Самитот на ОБСЕ

Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје

Фото: Руска амбасада/руско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блумберг: ЕУ пред крах со вакцинирањето, обезбедени само 8,9 милиони дози

Редакција

Нови 591 случаи на Ковид-19 од 1.683 тестирања

Редакција

Грчките плажи се отвораат на 15 мај, забранета музика во баровите

Редакција