Денеска во македонското Собрание не стигна предлог за гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како што беше најавено.
Истиот ќе стигне до Собранието неделава, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој негира дека пролонгирањето е поради несогласување помеѓу него и Сиљановска Давкова за кандидатите.
Како што е веќе познато како можни кандидати за оваа функција се актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, чиј мандат од седум години завршува на 21. мај, која има право на реизбор и поранешните министри за финансии, Трајко Славески, кој е актуелен претседател на Советот на Град Скопје и Зоран Ставрески, кој подолг период немал државна функција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.