еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Застаре едно од делата на Миле Јанакиески за „Талир„

Јавното обвинителство на денешното рочиште за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Талир“, изврши измена на обвинението поради измените на Кривичниот законик (КЗ), со која застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.

Случајот се однесува за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а го води обвинителката Ленче Ристоска.

Судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за Јанакиески на следното рочиште на 11. ноември, а Јанакиески во овој случај се товари и за делото „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во „Талир“ е обвинет и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“, а за истите две кривични дела обвинет е и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

– Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече Ристоска.

За случајот се обвинети и Илија Димовски и Леко Ристоски, за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, пак како правно лице, е обвинета за „перење пари и други приноси“.

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Современ ергоспирометриски тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови во Клиника Жан Митрев

Редакција

(ВИДЕО) Тинејџерката Антониа Гиговска победи на Макфест

Редакција

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција