Спасувачка акција за лице со скршена нога при пешачење на патека на Водно е спроведена вчера попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во акцијата организирана од Секторот за операции и координација при ЦУК со Регионалниот ЦУК Скопје, учествувале двајца припадници од Министерството за внатрешни работи и медицински тим од скопската Итна медицинска помош, а до повредениот стасале пешки заради оддалеченоста на местото на несреќата од патот.
-На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на Итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, информираа од ЦУК и додаваат дека во 17 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР и по што се преземени активности за транспорт до болница.
За викендов исто така беше спроведена спасувачка акција со хеликоптер, кога лице кое скршило нога на врвот на Водно беше транспортирано до Клиника.
Фото: ЦУК